Црна ноќ во Македонија: Скопјанец изгоре во својот дом

Трагедија ја потресе Македнија викендов кога во текот на вчерашниот ден во 03 часот било пронајдено безживотно тело на Скопјанец. Според податоците од полицијата, Противпожарната служба се обидувала да изгасне опожарена куќа во селото Бразда, а при драмата добиле информација дека постои можност внатре да има лице настрадано од пожарот. Околу 04 часот, пожарот бил изгаснат, целосно била опожарена кровната конструкција и вториот спрат од куќата. При извршената проверка, за жал пронајдено е безживотно тело за кое се претпоставува дека е лице на возраст од 46 години од Скопје, кое долги години живеело само во куќата.

 Се врши увид на местото на настанот. 

 
 
16.07.2016 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега