Страшна несреќа во Демир Капија: Воз удри во автомобил - едно лице загина
Едно лице загина во судар на патнички воз и автомобил попладнево, меѓу селото Дуброво и Демир Капија.
– Денеска, околу 18 часот меѓу село Дуброво и Демир Капија, на обележан железнички премин, возот бр.634 удрил во патничко моторно возило „Рено Канго“, при што на местото е починато едно машко лице. Увид ќе се врши, а железничкиот сообраќај е во прекин, информира МВР, пренесува МИА.
Сударот го потврди и директорот на патнички сообраќај при Македонски железници-транспорт Кире Диманоски.
– Судирот бил на патен премин, а засега не можат да се дадат повеќе детали за случајот, рече Диманоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа