Воз удри во автомобил во Демир Капија - едно лице загина

Едно лице загина во судар на патнички воз и автомобил попладнево, меѓу селото Дуброво и Демир Капија.

– Денеска, околу 18 часот меѓу село Дуброво и Демир Капија, на обележан железнички премин, возот бр.634 удрил во патничко моторно возило „Рено Канго“, при што на местото е починато едно машко лице. Увид ќе се врши, а железничкиот сообраќај е во прекин, информира МВР, пренесува МИА.

Сударот го потврди и директорот на патнички сообраќај при Македонски железници-транспорт Кире Диманоски.

– Судирот бил на патен премин, а засега не можат да се дадат повеќе детали за случајот, рече Диманоски.

 
 
15.07.2016 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега