Падна пресуда за возачот кој ја прегази Фросина: Еве колку години ќе помине во затвор

На затворска казна од 6,5 години е осуден 26 годишниот Љубиша Видојковиќ кој минатата година ја прегази Фросина Цековска од Крива Паланка.

Кај возачот беше утврдено присуство на 1,23 промили алкохол во крвта, а според наодите од вештачењето тој возел со брзина од 85 километри час.

Љубиша е осуден за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Дополнително Судот му изрече забрана на Видојковиќ да управува со моторно возило една година.

 
 
15.07.2016 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега