Возачот кој ја прегази Фросина на обвинителна клупа: Завршни зборови за трагедијата

Одбраната и обвинителството денеска ќе ги дадат завршните зборови за судењето на возачот кој ја прегази и усмрти младата студентка Фросина Цековска од Крива Паланка, кај Универзалната Сала во Скопје.

Откако минатото рочиште беше одложено, сега како што јавува Телеграф.мк, Љубиша Видојковиќ  по здравствените проблеми кои ги имаше, ќе се појави на обвинителна клупа.

На предминатото рочиште тој читаше писмо за кое велеше дека се двоумел дали да го сподели во судницата. Таткото на Фросина го гледаше со скаменет израз на лицето.

- Не постојат зборови со кои би можел да го искажам моето длабоко жалење и тага. Вашата болка и непребол се моја судбина. Иако знам дека моите зборови нема да ви ја намалат болката поради разделбата со вашето чедо, имам огромна потреба да ви го искажам моето најдлабоко жалење. Знам дека од тој миг вашето секојдневие е преживување, борба за земање воздух, плач, тага, минутите се вечност, денот не поминува. Посакувам таа вечер да не се најдев таму. Мојот живот никогаш повеќе нема да биде ист. Тој миг ни ги смени животите и на вашето и на моето семејство. Ќе се молам за душата на вашиот ангел и непребол, за вашата Фросина, сè додека сум жив. Безброј пати се прашував дали да ви го кажам сето ова и како ми е, но знам едно - поголема тага од оваа не постои, нема поголема болка. Полошо не може да биде, читаше Љубиша.

Инаку, на Љубиша му се суди за кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

За потсетување, трагедијата се случи кога Љубиша кај Универзална Сала возејќи со голема брзина ја прегази Фросина.

Македонија беше завиена во црно по овој настан.

 

 
 
15.07.2016 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега