Единаесет лица завршија на скопските Клиники

 

Единаесет лица се полесно повредени во шест од евидентираните 10 сообраќајни несреќи во изминатите 24 часа во Скопје. Во четири сообраќајки е причинета само материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден  сообраќајната полиција исклучила од сообраќај двајца возачи под дејство на алкохол и четворица возачи кои поминале на црвено светло на семафор.

Затекнати се и шест нерегистрирани возила, шест лица без возачка дозвола и 29 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 70 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот за сообраќајна култура на децата во предучилишни установи Одделението за превенција при СВР - Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во објектот „Стапалче“ во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода.

 
 
15.07.2016 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега