Жена почина во бизарна несреќа во Велес

Страшна несреќа ја потресе Македонија. Во текот на вчерашниот ден во 08 часот и 30 минути во полицијата во Велес од Брзата помош било пријавено дека кај селската чешма во селото Раштани-Велес, дошло до страшна несреќа.

Според податоците од полицијата, се превртел трактор „ИМТ 539“ со велешки регистарски ознаки, при што на местото на настанот од здобиените повреди починала 64-годишната А.Ѓ. од Велес. Нејзиниот сопруг С.Ѓ. се здобил со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од полицијата и Јавен обвинител.

Телото на починатата ќе биде дадено на обдукција.

 
 
14.07.2016 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега