Основното обвинителство во Гевгелија трага по монструмот кој давеше жена во црква
Во текот на вчерашниот ден, околу 15 часот и 30 минути, жена на возраст од 64 години, која редовно волонтирала, помагала во црквата Св. Кирил и Методиј во центарот на Гевгелија, била брутално физички нападната од едно лице. Сторителот започнал да ја дави оштетената со јаже, по што ја нападнал со тупаници, нанесувајќи и тешки телесни повреди.
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и ги презеде потребните дејствија за прибирање на траги и материјали со цел расветлување на настанот.
Во моментов се трага по едно лице кое е осомничено за стореното кривично дело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа