Крвав инцидент во црква во Гевгелија: Жена со крварење на мозокот итно во болница

Во црковниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во центарот на Гевгелија, вчера попладне се одвивала драма. Во црквата била претепана домарката во храмот, 64 годишната Загорка Божиновска.

Според старешината на храмот, свештеникот Љупче Миланов, немилиот настан се случил во попладневните часови, кога поради високите температури движењето на луѓето е речиси целосно намалено.

- Наша претпоставка е дека немилиот настан се случил помеѓу 13 и 16 часот кога жената останала сама да ја чисти црквата. Насилникот тогаш влегол во црквата, ја внел жената во олтарот и на најсветото место во црквата ја претепал, изјави денеска за МИА свештеникот Миланов и нагласи дека при тоа црквата не била ограбена.

Увид на лице место извршиле полициските органи кои трагаат по сторителот на ова дело, а претепаната жена со подливи и крварење во мозокот кои биле констатирани во гевгелиската болница, во бессознание, поради ссериозноста на повредите била префрлена на лекување во Ургентниот центар во Скопје. 

 
 
14.07.2016 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега