Ја давел со врврка од патика - вистински хорор се случи во црквата „Св. Кирил и Методиј“

Непознато лице вчера во периодот од 15 до 15:30 часот се обидело да ја убие 64 годишната З.Б. од Гевгелија.

Настанот се случил во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија кога сторителот со врвка од обувка се обидел да ја удави жената, а откако не успеал со тупаници почнал да ја удира по главата по што избегал.

Жената со тешки повреди по пружената лекарска помош во гевгелиската болница каде и се констатирани подливи и крварење во мозок е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

 
 
14.07.2016 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега