На новинарот Кежаровски ќе му се суди по итна постапка

 

Ова лето на новинарот Томислав Кежаровски на кој за уште еден месец му е продолжен притворот, и веќе неколку денови штрајкува со глад, ќе му се суди по итна постапка.

Ова за Утрински весник го изјавува претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски: - „Судењето ќе почне летово по итна постапка и на него ќе бидат презентирани сите докази од обвинението кои беа поднесени деновиве“, вели тој.

Инаку, новинарот на Нова Македонија Кежаровски веќе трет месец е во притвор за наводно откривање на заштитен сведок во случајот Ореше.

Извор: Утрински

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега