Хаос во Штип: Се скарале за паркинг па му скокнал врз автомобил
Двајца штипјани направиле вистинска драма и тепачка среде паркинг во Штип, а причината е банална, кој зафатил паркинг место. Како што пренесува Вест, се работи за две лица, едното на возраст од 20, другото на возраст од 62 години, кои сескарале за слободно паркинг место, а потоа расправијата кулминирала кога започнале и физичка пресметка.
Дваесетгодишното момче К. А. откако со својот пикап се паркирало стотина метри подалеку, се вратило назад и со трчање скокнало врз автомобилот "опел корса", кој веќе се движел по улицата, со намера да го нападне возачот С.Л. а по скокот падноло и се повредило.
Со возило на брза помош момечто било брзо однесено во болница.
Полицијата кај возачот на Корсата утврдила 0,54 промили алкохол во крвта, пишува Вест.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа