Полицијата го фати на дело: Скопјанец заврши зад решетки

31-годишниот С.Ш. од Скопје заработи кривична бидејќи  синоќа дваесетина минути по полноќ со возило со непознати регистерски ознаки, управувано од засега непознато лице бил донесен во близина на река Елешка, од каде пеш се упатил во нивите покрај патот каде прифатил и повел со себе група од 28 сириски државјани од кои 16 малолетни лица, седум жени и пет мажи, кои требало да ги однесе до место од каде било организирано понатамошно патување со возило до границата со Србија.

Пред да стигнат до договореното место биле запрени од полиција и приведени.

Од страна на Судија за претходна постапка во Основен суд Скопје 1, изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена. 

 
 
12.07.2016 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега