Викендот 32 сообраќајки во Скопје: Едно лице го загуби животот

Викендот на подрачјето на Град Скопје се случиле 32 сообраќајни незгоди.

Во петокот сообраќајната полиција извршила увид на девет сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, а во четири со полесни повреди се здобиле четири лица, додека во саботата извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Три од сообраќајките се со последица материјална штета, додека во шест со полесни повреди се здобиле седум лица. Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле две лица.  Се случила и една сообраќајка во која велосипедист го загубил животот.

Во неделата извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле 10 лица.  Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле две лица.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени биле и поголем број прекршоци. 

Вељаноски  посочи дека  се санкционирани 26 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, 10 возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека осум возачи поминале на црвено светло на семафорите, четворица возачи почетници сториле прекршоци по разни основи, а затекнати се и 18 возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.

Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 30 возила. 

 
 
11.07.2016 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега