ВИДЕО: Вака се апсеа војниците на ИСИС - голема акција на МВР
Утрово во акција се уапсени три лица од Скопје и едно од Тетово поранешни припадници на ИСИС, а три лица се недостапни на органите на прогонот.
Како што информираат, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истрага за седум лица – припадници на ИСИС. На осомничените им се става на товар кривичното дело – Терористичка организација по чл.394-а ст.2 од Кривичниот законик.
Надлежниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи до судијата на предходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје предложи на осомничените да им се определи мерка притвор.
Еве како се апсеа поранешните припадници на ИСИС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа