Детали за трагедијата во Скопје: Како автомобилот на таткото усмрти дете?

Трагедија го вознемири скопското село Страхојадица во општина Зелениково.

Татко го прегазил едно и полгодишниот син, кога автомобилот што го паркирал во дворот почнал да се движи во рикверц. Деталите за трагедијата ги пренесува Утрински весник.

Родителот за кратко време го оставил автомобилот со неизгаснат мотор во дворот на семејната куќа, не ни помислувајќи што може да се случи. Кога се вратил назад веќе било предоцна. Тој го забележал повреденото дете на улицата, по што веднаш го однел во болница. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но по неколку часа ја изгубиле битката за неговиот живот. Телото на починатото дете е предадено на обдукција.

Повеќе информации прочитајте на Утрински весник

 
 
08.07.2016 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега