Едно лице се бори за живот - епилог од сообраќајката во Охрид

Четири лица се повредени во тешка сообраќајна незгода што утрово се случи меѓу селата Требеништа и Мешеишта.

Според првичните информации во незгодата учествувале два автомибили и камион.

Во Хирушкото одделение во Охридската болница  пренесено е едно лице со повреди на главата и е во животна опасност.

Во специјалната болница за ортопедија и трауматологија биле пренесени три лица, кои според директорот Митко Тилев, се надвор од животна опасност.

-  Утрово околу 8 часот во нашата болница се донесени три лица со повреди на главата и естремитетите и се надвор од животна опасност, изјави Тилев за МИА.

Сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Кичево е во прекин, а возилата се пренасочуваат по заобиколни патишта.

Полицијата врши увид на местото .  

 
 
07.07.2016 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега