Драма во кафе-барот Ликвид во Охрид: Полицијата интервенирала со палки и лисици

Вистинска драма се одвивала синоќа во 01 часот и 45 минути во Охрид на улицата „Коста Абраш“ поточно во кафе барот „Ликвид“. По претходно пријавен нарушен јавен ред и мир, од страна на полициски службеници биле забележани две лица кои биле под дејство на алкохол и се однесувале агресивно. На барање на полицисиските службеници да се легитимираат лицата, тие одбиле, а во еден момент и физички ги нападнале, по што полицијата морала да интервенира со физичка сила, гумена палка и лисици за да ги спречи насилниците.

Се работи за 29-годишниот М.М. и 25-годишниот М.Р. од Подградец-Албанија.

На полицисиските службеници им била укажана лекарска помош при што се констатирани гребаници по телото, а кај странските државјани не се констатирани повреди. 

Се работи на случајот.

 
 
04.07.2016 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега