Црн викенд: Погребано детенцето од Куманово - пет лица пронајдени мртви

Многу несреќи и трагедии изминатиот викенд ја потресоа Македонија.

Страшна сообраќајка сеслучи во петокот на автопатот А1 Неготино-Демир Капија во 05 часот и 20 минути  во близина на хотел „Парк". Едно лице загина, а четири се повредени откако патнички автомобил „Daewoo“ со српски регистерски ознаки удрил лево во заштитна еластична ограда од автопатот и се префрлил на другиот коловоз автопатот А1 правец Демир Капија-Неготино. Загинатиот е татко на семејството кое се возело во автомобилот.

Во Скопје во стан на улицата Велко Влаховиќ било пронајдено безживотно тело. Според податоците од полицијата, се работи за 76-годишниот Г.К. од Скопје за кој за жал брзата помош која веднаш пристигнала на местото на настанот можела само да констатира смрт. Полицијата добила пријава и за починато лице во Маврови Анови на месноста викана „Бела вода“. Се работи за 70-годишниот И.А. од Скопје. 

Исто така, викендов на магистралниот пат  помеѓу Радовиш и Струмица, пред надвозникот за селото Јаргулица-радовишко, се случи сообраќајна незгода помеѓу возило „Форд“ со струмички регистерски ознаки управувано од 33-годишниот А.Д. од Радовиш и возило „Фолксваген“ со радовишки регистерски ознаки управуван од 25-годишниот У.Д. од Радовиш, во која за жал на лице место починал А.Д. а сопатникот Р.Д. од Струмица се здобил со тешки телесни повреди, скршеница на двете надколеници, и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар Струмица бил пренесен во Клиниките во Скопје.

Уште една трагедија викендов ја потресе Македонија, беше пронајден мртов маж. Во 19 часот на Попова Шапка, поточно на скијачката патека на Церипашино во месноста Казани, пронајден бил починат 29-годишниот М.Ј.

Овој викенд беше погребано и 4-годишното детенце кое беше намерно прегазено со автомобил во Куманово.

Почина и еден од најзначајните француски и современи светски поети Ив Бонфоа, кој во 1999 година за неговото исклучително поетско творештво беше награден со „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Во Скопје вчера наутро почина и универзитетскиот професор Јане Миљовски.

 

 

 

 
 
04.07.2016 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега