Министерството за здравство испрати две медицински возила за повредените во Будимпешта
Министерството за здравство на Република Македонија во врска со автобуската несреќа која се случи во Будимпешта при што се повредени 28 патници меѓу кои и Македонци, е подготвено да даде логистичка поддршка.
-Повредените Македонци се сместени во една од најсовремените болници во која има ургентен центар и центар за траума. Подготвени сме да испратиме амбулатни возила и медицински екипи за транспорт на повредените, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
Досега биле побарани само две возила, изјави министерот Тодоров.