Страотна сообраќајка кај Радовиш: Починал на лице место

Во 15 часот и 40 минути на магистралниот пат  помеѓу Радовиш и Струмица, пред надвозникот за селото Јаргулица-радовишко, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Форд“ со струмички регистерски ознаки управувано од 33-годишниот А.Д. од Радовиш и возило „Фолксваген“ со радовишки регистерски ознаки управуван од 25-годишниот У.Д. од Радовиш.

Во незгодата на самото место починал А.Д. а сопатникот Р.Д. од Струмица се здобил со тешки телесни повреди, скршеница на двете надколеници, и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар Струмица бил пренесен во Клиниките во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полицијата.

 

 
 
03.07.2016 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега