ЈО: Предложен притвор за две лица кај кои е пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за две лица кај кои се пронајдени 42,3 грама марихуана, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

– По оперативни сознанија од страна на Основниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Гостивар нареден е претрес на автобус кој сообраќал на линијата Струга-Гостивар. При влезот во Гостивар автобусот е запрен и кај двајца гостиварци пронајдена е 42,3 грама марихуана. Надлежниот обвинител ценејќи дека се исполнети условите до судијата на претходна постапка при Основниот суд-Гостивар поднесе Предлог за определување мерка-Притвор во траење од 30 дена. Еден од обвинетите е шумски полицаец, соопшти денеска Основното јавно обвинителство.

 
 
02.07.2016 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега