Уште една страшна несреќа: Срби излетаа од автопат во Македонија

Тричленото семејство од Ниш патувало на одмор во Грција и доживеа сообраќајна несреќа во Македонија.

Несреќата се случи утрово на автопатот Велес-Гевгелија во близина на наплатната станица кај Градско. Возачот изгубил контрола над возилото и излетал на десната страна од автопатот, удрил во земјен брег покрај коловозот. Сопругата и детето со возило на итната медицинска помош се пренесени во велешката болница. Возачот пак останал на местото но по кратко почувствувал болки па и тој е пренесен во здравствената установа. Според информациите на лекарите сите тројца се со полесни повреди и се надвор од животна опасност, објави Канал 5.

Вчера и 55 годишен маж загина откако автомобилот управуван од сопругата излета на спротивната страна на автопатот. Мајката и трите деца се здобија со полесни повреди и се згрижени во болницата во Велес.

 
 
02.07.2016 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега