Новите полицајци од понеделник на пракса
Денеска министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска, во центарот за обука ги посети кандидатите за полициски службеници.
Според министерката, кандидатите добро ја совладале обуката и таа има успешност од 60 %.
Деновиве кандидатите ја завршуваат теоретската обука, а од понеделник започнуваат со практичниот дел во секторите на МВР. По 12-месечната обука која ја имаат од 330 избрани кандидати, според успехот ќе се селектираат и финално ќе се рангираат најуспешните 300, кои ќе потпишат договор за вработување во министерството, истакна Јанкулоска.
Станува збор за 290 мажи и 14 жени кои ќе бидат идни полицајци.