Грчките медиуми: Оланд е подготвен да игра активна улога во решавање на спорот со името

 

Францускиот претседател Франсоа Оланд е подготвен да игра активна улога во решавање на прашањето за името на Македонија, јавуваат денеска грчките медиуми кои покажаа голема заинтересираност и на оваа тема, како и за интервјуто на министерот Никола Попоски.

- „Истакнувајќи ги добрите односи кои Париз ги има и со Атина и со Скопје, Оланд нагласи дека Франција сака да помогне во изнаоѓање решение, со цел, меѓу другото, да се отстрани главната пречка на патот на соседната земја кон Европската унија“, пишува весникот „Имерсија“  , додека според  „Елефтеротипија“, „една седмица по писмото на македонскиот премиер Никола Груевски до неговиот грчки колега Андонис Самарас, францускиот претседател се понуди да помогне во решавање на прашањето“.

- „Важно е да се спомене дека Оланд е првиот влијателен европски лидер кој е поканет да учествува на самитот, кој го покренаа Словенците и Хрватите кои до скоро имаа големи несогласувања но беа решени со компромис по што Хрватска од 1 јули стана членка на Европската унија“, коментираат грчките медиуми.

- „Прашањето за името во моментов го попречува целиот процес и факт е дека не можеме да останеме на тоа...  Ние можеме да зборуваме со секого, имаме одлични односи со сите балкански земји“, ја пренесува „Етнос“ изјавата на шефот на француската држава.

ФОТО: А1.он

најчитано сега