Јанкулоска: Најмногу македонски таблички се крадат во Ханиоти

 

Од почетокот на летната туристичка сезона при влез во земјата од Грција, во 25 случаи македонски државјани пријавиле украдени регистерски таблички од нивните автомобили. На 18 возила им биле украдени и двете таблички. Во 16 случаи кражбите се пријавени и кај грчката полиција, информираше денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. 

Исто така пријавени се и четири случаи на оштетувања на возила односно на задната табличка на возилото со црн спреј била избришана ознаката „МК“ и во некои случиа било напишано „ГР“.  

Најчесто, според Јанкулоска која одговараше на прашање на пратеникот Милорад Додевски од ВМРО-ДПМНЕ, кражбите се случиле во Ханиоти и во Неа Пори. Иако добар дел од кражбите се пријавени и во грчката полиција, досега МВР нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.  

- Немаме информација дека некои од овие случаи се разрешени, изјави Јанкулоска.

Петнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од повеќе други градови.  

најчитано сега