Милионска кражба во Скопје

Околу 25.000 евра, четири златни приврзоци и комплет од бело злато се украдени вчера од дом во Скопје, соопшти полицијата.

Настанот го пријавил 59-годишниот  М.Ј.вчера по полноќ. Според него, кражбата се случила вечерта меѓу 19.00 и 00.00 часот од страна на непознат сторител кој најпрво насилно ја отворил влезната врата, а потоа пребарувал, украл и избегал, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1,6 милиони денари.

 
 
20.06.2016 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега