Голема акција: Полицијата влезе во неколку села во Тетово

Поголема количина опрема и други материјали за нелегално приредување игри на среќа биле пронајдени и одземени при заедничката акциска контрола на полицијата и Управата за јавни приходи во три објекти во Тетовско, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Контролите биле спроведени викендов, од 16 до 19 часот во еден објект во Тетово, Теарце и Доброште, во кои нелегално се приредувале игри на среќа.

- Во трите објекти без фирма, чии сопственици се идентификувани пронајдени и со потврда одземени се 13 телевизори, 6 компјутерски куќишта, 8 монитори, 4 тастатури, 3 апарати за игри со кучиња, исто толку баркод читачи, 4 мали печатачи, 3 мауси, 3 далечински управувачи и по 1 принтер и рисивер. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости поврзани со работењето на трите објекти, по што против нивните сопственици ќе следуваат соодветни поднесоци по Законот за приредување игри на среќа, член 156 став 2, изјави Јосифовски.

 
 
20.06.2016 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега