Мртва жена извадена од водите на Вардар во центарот на Скопје

Женски труп на возраст меѓу 40 и 45 години вчера попладне е извлечен од водите на Вардар во близина на скопската населба Ќерамидница.

 

24 годишно момче пријавило дека по течението на реката Вардар покрај левиот кеј забележал женски леш на возраст од околу 40-45 години, по што влегол во реката и го извадил. Од доктор од екипа на Брза Помош констатирана е смрт. На телото на починатата не се забележани траги на насилство. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од скопската полиција а по наредба на Обвинителството телото е предадено на обдукција.

 
 
20.06.2016 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега