Драма во Битола: Маж се самозапалил и со автомобилот удрил во зградата на Судот

Околу 3 часот утрово, 67-годишен битолчанец се полеал со бензин и се самозапалил, па со автомобил во кој имало плинска боца од 10 литри удрил во скалите од зградата на Основниот суд – Битола. Плинската боца не експлодирала, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

Судскиот полицаец успеал да го изгасне лицето кое со тешки телесни повреди е пренесено на клиниките во Скопје. На местото на настанот увид извршил надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола.

Осуденикот  денеска требало да започне со издржување казна затвор во траење од 10 години за полов напад врз дете кое не навршило 14 години.

 
 
20.06.2016 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега