МВР трага по насилникот близок до Заев и СДСМ кој пукаше кон човек во Света Петка

Министерството за внатрешни работи (МВР) се уште трага по лицето кое завчера околу 19 часот во скопското село Света Петка застрела човек при расправија помеѓу две фамилии.

Три лица се повредени од кои едно потешко во престрелка која завчера околу 19 часот се случила меѓу две семејства во скопската населба Св. Петка. Според информациите кои ги објавија дел од медиумите, Ердоан Џ. кој важи за близок до Зоран Заев Заев и СДСМ испукал неколку куршуми од огнено оружје при што го застрелал З.С (29).

-Покрај тврди предмети, во тепачката било употребено и огнено оружје. З.С. се здобил со прострелна повреда на десна потколеница, а со телесни повреди се здобил и А.С. по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Во Ургентниот центар-Скопје, пак, бил донесен А.Џ. кој се здобил со тешка телесна повреда во пределот на главата (скршеница на череп) по што бил задржан на лекување. На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот, стои во полицскиот билтен.

Полициските алфи веднаш пристигнале на терен, но таму не го пронашле Ердоан Џ. Од МВР денеска велат дека по едно лице се уште се трага, јавува Курир.

Порталот „Инфомакс“ синоќа објави дека токму лицето Ердоан Џ. по кого трага полицијата е близок до Радмила Шекеринска и истиот добивал пари да ги координира и плаќа малкумината Македонци муслимани кои одлучиле да го поддржат Заев во насилството и да се обиде да врбува нови кои би се приклучиле на насилните протести организирани од СДСМ, со парите на Сорос и останати невладини.

 
 
19.06.2016 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега