Полицијата викендов на нозе: Исчезнаа две лица - меѓу нив дете

Две исчезнати лица се пријавени во полициска станица за време на овој продолжен викенд. 

Вчера во Гостивар 30-годишната М.А. пријавила дека пред осум дена од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг . Се работи за 39-годишниот А.З. по кој полицијата трага.

Исто така, во Чаир се јавил вработен од СОС детско село-Скопје, и пријавил дека предходниот ден во непознат правец се оддалечила 17 годишна штитеничка која е сместена во Младинската програма 1 во Бутел.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето.

 
 
19.06.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега