Голема заинтересираност во Грција за последното интервју на министерот Попоски

 

Во Грција денеска е актуелно интервјуто на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, јави МИА.

 „То Вима“ речиси во целост го пренесува интервјуто, и интерсно е тоа што во текстот не е сменет зборот „Македонија“ со референцата ПЈРМ или Скопје, како што вообичаено прават локалните медиуми, туку се остава во оригинал со дообјаснување дека на германски во интервјуто е употребено „Мазедониен“.

- Повеќе од една година имаше прекин во преговорите со Нимиц, а понекогаш состаноците се одржуваа само формално. Во Атина имаат други приоритети кои се вртат околу кризата. Грците понекогаш се обидуваат да остават впечаток кај другите земји-членки дека нешто се случува, но всушност не сакаат да се придвижи процесот под покровителство на ОН, изјави Попоски и истакна дека неговата земја покажала голема флексибилност, затоа што земјата го смени Уставот и знамето и увери дека нема да има територијални претензии, пренесува „Њузит“.

„Прото тема“ пишува дека Попоски со интервјуто „повторно предизвикува“. „На прашањето на каков компромис е подготвено Скопје во врска со прашањето за името Попоски одговори дека неговата земја досега покажа многу флексибилност“, нагласува весникот.

„Грција сега го добива тоа што го сака“ пишува во насловот „Катимерини“ во текстот за интервјуто на министеротПопоски. Весникот нагласува дека според македонскиот министер „во врска со прашањето за името никој не сака да изврши притисок, затоа што никој не сака уште една политичка ситуација во Грција“. - Министерот ги окарактеризира како добра основа последните предлози на медијаторот Метју Нимиц, ги повтори повиците за средби меѓу лидерите на двете земји, и смета дека грчката страна е виновна за фактот што нема напредок во преговорите за членство на земјата во ЕУ и НАТО“, пишува „Катимерини“.

ФОТО: Сител

најчитано сега