Новинарите денеска протестираат поради новите 30 дена притвор за Кежаровски
Денеска во 11 часот новинари и граѓани пред Кривичниот суд со мирен потест ќе го изразат својот револт и ќе бараат слобода за новинарот Кежаровски.
Инаку, новинарот денеска веќе четврти ден штрајкува со глад, а вчера Кривичниот суд пресече дека тој и сите останати обвинети во случајот Ликвидација ќе добојат уште 30 дена притвор.
Кежаровски е осомничен дека незаконски го открил идентитетот на заштитениот сведок за убиството на старецот во велешкото село Ореше.
Инаку, од солидарност кон него со глад штрајкува и неговата сопруга.
ФОТО: Нова Македонија