Плинска боца предизвика голем пожар во Кавадарци

 

Пожар од плинска боца настана попладнево во Кавадарци пришто на лице место интервенираа пожарникари од територијалната противпожарна единица од овој град. 

- За среќа повредени нема. Се работи за неправилно поставена обична плинска боца за готвење, без сигурносен вентил. Наместо на метална подлога и обиколена со метални огради како заштита од ветер, во случајов боцата беше поставена на дрвено шкафче и обиколена со дрвени иверици. Од ветерот се запалила иверицата, појаснија од противпожарната служба. 

Оттаму апелираа за внимателност кај населението и правилно поставување на плинските боци за готвење. Притоа нагласија дека најдобро е кога боците се поставуваат на тераси, оти тогаш и евентуалните штети се помали, во случај на експлозија или слично. 

За среќа, материјалната штета не е голема. Од противпожарната служба додаваат дека ако во зима најчести се пожарите на неправилно изведени оџаци, во лето најмногу пожари има како последица од плински боци. 

 
 
15.06.2016 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега