Експлозија го потресе Свети Николе - оштетени куќи и автомобили

Во врска со експлозијата и пожарот во автомеханичарска работилница „Бацоц“, на 42-годишниот С.П. од Свети Николе, од извршениот увид констатирано е дека пожарот е настанат при експлозија од истекување на пропан бутан гас од демонтирана плинска боца од автомобил, а при активирање на компресор кој бил сместен во подрумската просторија.Од експлозијата комплетно е уништена работилницата, целокупната опрема во неа, оштетено возило на сопственикот како и друго возило „Хјундаи Туксон“, кое било оставено за поправка, како и оштетување на  13 куќи и помошни простории кои се наоѓаат во непосредна близина.

Извршен е увид.

 
 
15.06.2016 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега