Две страшни сообраќајки во Македонија: Тешко повредено дете

Две страшни несреќи се случија во Македонија. Во 15 часот и 30 минути на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на селото Д.Семениште, се случила сообраќајна незгода помеѓу „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 74-годишниот Р.И. од селото Ласкарци-Скопје, и Мотоцикл „Јамаха“ исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од  27-годишниот Н.А. од селото Копаница-Скопје.          

Во незгодата Н.А. се здобил со тешки телесни повреди по  што е пренесен во Ургентниот Центар Скопје.

Исто така, во 14 часот во селото Радуша, се случила сообраќајна незгода во која 15 годишно дете од селото, управувајќи велосипед „Пинифанино“ изгубило контрола над истиот и паднало. Во незгодата детето се здобило со повреди, а после укажаната лекарска помош во ГОБ „8-ми Септември“, поради сериозноста на повредите истото  е пренесен во ГОБ„Св.Наум Охридски“.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Скопје. 

 
 
15.06.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега