ОМД организира конференција за Букурешкиот договор

 

Денеска во Скопје во организација на Обединетата македонска дијаспора започнува Четвртата годишна Глобална конференција која ќе трае два дена, во која учество ќе земат 40-тина експерти од 12 држави.

Одржувањето на конферецијата се совпаѓа со стогодишнината од завршувањето на Блаканските војни и од потпишувањето на Букурешкиот договор. Трудовите и дебатата во академскиот дел од конференцијата ќе се фокусираат на изминатите 100 години од македонската историја, но и на насоките и идеите за иден развој и добробит на македонскиот народ и можниот придонес на македонската дијаспора во него.

Ова е прва Глобална конференција на ОМД, која се одржува во Македонија. ОМД се смета за водечка меѓународна НВО која ги застапува интересите и потребите на Македонците кои живеат надвор од Македонија ширум светот, а придонесува и кон остварувањето на стартешките цели на Македонија. 

најчитано сега