Сакал да бега од полиција - завршил во болница

Ноќеска околу 02:00 часот на регионалниот пат Куманово – село Ваксинце, кај село Речица се случила сообраќајна незгода во која Ф.Х. (21) од село Студеничани, скопско, управувајќи автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, не запрел на даден знак за запирање од страна на полициски службеници, продолжил со движење и удрил во службено возило „Ландровер“, по што удрило и во бетонски столб за пренос на електрична енергија каде и запрело.

По незгодата возачот и сопатникот А.Д. (25) од село Студеничани побарале лекарска помош во Општата болница во Куманово, каде им се констатирани телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Куманово.

 
 
14.06.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега