Жена почина на аеродромот Александар Велики

 

Во 19 часот на аеродромот Александар Велики во Скопје, 58-годишната С.К. и нејзиниот сопруг, четири години постариот К.К. од Србија, се пријавиле да патуваат за Цирих, Швајцарија. По извршена пасошка контрола им било  дозволено да остварат излез од земјава, а во тој момент на жената и се слошило. Била повикана медицинската екипа од аеродромот, која ја пренела во амбулантата на граничниот премин за да и пружат медицинска помош. И покрај укажаната прва помош во 20 часот и 15 минути С.К. за жал починала.

Бил извршен увид на местото на настанот од страна на екипа на полицијата.

Телото на починатата е пренесена во Судска медицина  за обдукција.

 

 
 
14.06.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега