ВМРО: Секогаш кога ние ќе тргнеме чекор напред СДСМ излегува со режирани прес-конференции

 

Сосема предвидливо од СДСМ е секогаш кога Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе постигне успех и ќе направи чекор напред за подобар живот и иднина на овој народ, тие да излезат со режирани прес конференции за да ја прикажат Владата во негативно светло, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Ванчо Узунов.

Додаваат дека очекувале барам малку доблест од СДСМ да го поздрават потпишувањето на договорот за Јужен тек, договор кои ќе ја обезбеди енергетската стабилност на сите нас и нашите поколенија, договор кој ќе обезбеди евтин енергенс и подобрување на стандардот на граѓаните, како и поголема рентабилност на производството на домашната индустрија.

- Наместо конструктивност, излезе со нецелосни информации за да ја дезинформира јавноста. Узунов зборува за аукција на државни хартии од вредност од 20 милиони евра, но занемарува да каже дека веќе денес во стопанството се вратени 18,8 милиони евра. Како економист и професор тој сигурно знае дека преку издавањето на хартии од вредност се врши пеглање на билансите и дека така работат сите економии во Европа и светот, стои во реакцијата, во која се додава дека Узунов не споменал и дека Македонија е 4-та најмалку задолжена земја во Европа. 

- Узунов, се наведува,  исто така заборави да спомене дека Македонија е единствената земја во регионот која пристапи да го решава и го реши, проблемот со обврските констопанството. Од Буџетот на Република Македонија редовно се исплаќаат плати, пензии, субвенции, се врши поврат на ДДВ и сето тоа се случува во време на европска економска криза, а притоа Македонија е случај на земја која ја задржа стапката на најниски даноци во Европа, кога многу поразвиени економии ги покачија даноците.

најчитано сега