Полицијата влезе во дискотека во Тетово - еве што пронајде
Три албански државјанки се затекнати при акциската контрола на полицијата што изминатата ноќ околу еден часот по полноќ е спроведена во угостителскиот објект „Ерди бос“ во Желино, пренесува МИА.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека во угостителскиот објект на 34-годишниот З.С. трите албански државјанки на возраст од 22, 24 и 34 години биле ангажирани како танчерки.
– Поради злоупотреба на престојот односно престојување спротивно на целта, трите девојки се приведени и задржани во Полициската станица Тетово по што се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, изјави Јосифовски.
Паралелно со контролата во Желино, полицијата извршила и контрола во угостителскиот објект „Бабилон“ во Тетово при што не биле пронајдени странски државјанки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа