Лондонскиот театар „ Just a Must “ ќе ја забавува публиката на Охридско лето
На сцената во дворот на ОУ „Климент Охридски“ вечерва од 21 часот вљубениците во театарската уметност на „Охридско лето“ ќе можат да ја гледаат претставата „Sports Play“ во изведбата на „Just a Must “ театарот од Лондон - Велика Британија.
Претставата на режисерката Ванда Бутковиќ претставува едно временско истражување на темната страна на животните игри, испреплетени со конкурентна борба во животот. Таа е провокативно истражување и врска помеѓу спортот, национализмот и насилството и опис на човечката опседнатост со изгледот и неуморниот спортски дух.
Tекстот за претставата е напишан во 1998 година, од страна на австриската нобеловка Алфриде Јелинек, која инспирацијата ја нашла во случувањата во поранешна Југославија, најмногу од натпреварот меѓу загребски „Динамо“ и белградска „Црвена Ѕвезда“ на 13 март 1990 година, кога тепачката на стадионот на „Максимир“ беше само вовед во војната што ја зафати целата земја.
Самата претстава бара големи физичка подготвеност од актерите, заради доловување на енергијата, набојот за кој авторката пишува во текстот. Претставата е наменски работена за нејзина премиерна изведба за време на одржувањето на Олимписките игри во Лондон минатата година.
Улогите во претставата ги толкуваат Мајкл Кол, Нина Хетчвел, Денис Хајнрих Лејн, Том Лијал, Мет Реј-Браун, Делија Реми и Џорџио Спиџфилд.
Почетокот на претставата е во 21 часот.
ФОТО: Охридсколето.мк