Го прегазил и избегал: Страшна несреќа во Гостивар

Во текот на вчерашниот ден околу 13 часот на регионалниот пат Гостивар-село Неготино се случила сообраќајна незгода во која непознато возило управувано од непознат возач удрило во Велосипед „Скот“, управуван од 69-годишниот М.Х. од селото Добридол, гостиварско. Возилото по несреќата избегало од местото на настанот.

Во незгодата М.Х. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата.

 
 
06.06.2016 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега