Среќен роденден Марко Чаласан - македонското чудо од дете полни 13 години

 

Денеска македонското чудо од дете Марко Чаласан го прославува својот 13 роденден. 

Чаласан е роден во 2000 година и е компјутерски гениј, познат по  тоа што е најмладиот сертифициран системски администратор, а дипломата ја доби на само 8-годишна возраст. Првиот сертификат го добил на 6-годишна возраст, и воедно е најмлад човек којшто има MSCA сертификат. Досега има добиено 12 сертификати, а познат е ширум светот.

Марко веќе има напишано и книга за прединсталација, инсталација и постинсталација на Виндоус 7.

Па, среќен роденден генијалецу!

ФОТО: Ит.мк

најчитано сега