Штипјанец со пиштол го ранил својот брат

Триесет и пет годишниот Ш.М. од селото Ебиплија, штипско, во петокот попладне, околу 17 часот во семејната куќа, поради нарушени семејни односи, од огнено оружје које го поседувал без дозвола испукал неколку истрели кон неговиот брат Ќ.М.(31), при што му нанел прострелна рана во пределот на десната надлактица. Истиот со возило на Брза помош бил префрлен во болницата во Штип каде бил задржан на лекување. Од страна на СВР-Штип се преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 
 
04.06.2016 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега