Стартува мониторингот и истражувањето на екосистемот на Преспанското Езеро

 

Денеска ќе биде означен почетокот на мониторингот и истражувањето на екосистемот на Преспанското Езеро, во Стење.

Активноста се спроведува од страна на УНДП, во соработка Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Ресен.

На настанот ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарото, в.д. постојниот претставник на УНДП Алесандро Фракасети и градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.

Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

ФОТО: Региони 

најчитано сега