Возачот кој ја усмрти Фросина се соочи со родителите: Посакувам таа вечер да не се најдев на тоа место - секој ден ќе се молам за вашето девојче

- Не постојат зборови со кои можам да го искажам моето длабоко жалење и тага и знам дека моите зборови не можат да ви ја намалат болката од загубата на вашата ќерка. Посакувам таа вечер да не се најдев на тоа место.  Мојот живот никогаш повеќе нема да биде ист, а додека сум жив ќе се молаm за душата на вашата Фросина. Со солзи во очите, обвинетиот Љубиша кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина студентката Фросина Цековска за прв пат утрово лично им се обрати на нејзините родители.

Тој пред судот рече дека иако пред несреќата испил 3 чаши ракија се чувствувал способен да управува со возилото. Пред ударот тој возел со 80 км на час, а ги забележал само пешаците кои стоеле на зелениот појас спроти Универзална сала, но не ја забележал Фросина која во тој момент ја минувала улицата. Тврдеше дека немал намера да избега од местото на несреќата, туку дека 20-тина минути подоцна сам се пријавил во полициска станица. Таткото на Фросина пак, рече дека не верува во неговите зборови и дека се уште се сомнева дека Љубиша е оној кој ја прегазил неговата ќерка.

Сообраќајната несреќа во која загина младата Фросина од Крива Паланка, се случи на почетокот на април минаната година, во моментот кога таа го минувала булеварот „Партизански одреди“ спроти Универазалната сала. 26-годишниот возач Љубиша Видојковиќ се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна несреќа. Судскиот процес продолжува на 6 јули со завршни зборови на обвинителство и одбраната

 
 
01.06.2016 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега