Претседателот Иванов денеска го прими Давитковски

 

Денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов  го прими Борче Давитковски, претседателот на Комисијата за расветлување на настаните кои се случија и кои претходеа на 24 декември минатата година.

 На средбата, претседателот Иванов беше информиран за досегашните активности и резултати од работата на Комисијата, како и за разликите во ставовите за одредени прашања меѓу членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Претседателот Иванов беше информиран за оставката на Давитковски, од должноста претседател на ад-хок комисијата.

 Македонскиот претседател констатирајќи ја новонастанатата состојба ја поздрави досегашната работа на Комисијата, која и двете страни ја оценија како добра основа за успешен исход со што би се реализирале обврските од договорот од 1-ви март и изрази надеж дека Комисијата покрај новонастанатата состојба ќе изнајде начин успешно да ја доврши преземената обврска.

најчитано сега