Сарачини: Очекуваме да се интензивира соработката со Косово

 

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска  престојувше во работна посета на Косово, каде оствари средби со министрите за инфраструктура, економски развој и за финансии на Коосво, Фехми Мујота, Фадил Исмајли и Бесим Бечај.

- Разговаравме за доста битни и значајни проекти за економскиот развој на двете држави и се надевам дека соработката која денес ја имаме на економски план ќе продолжи натаму и ќе се интензивира. Со Косово имаме многу заеднички работи кои треба да ги завршиме согласно препораките на ЕК и Европаската енергетска заедница. Се договоривме заедно да аплицираме со заеднички проекти  до меѓународните фондови за да можат нашите компании успешно да аплицираат и да ги завршат преговорите, изјави Сарачини.

Тој истакна дека од косовскиот министер за инфраструктура Мујота бил информиран дека кон крајот на годината ќе почне изградбата на автопатот од Приштина до Блаце, кој ќе биде завршен за 42 месеци. - Веќе се завршени сите детали и се очекува да се избере само компанијата која ќе го изгради автопатот, додаде Сарачини, кој рече дека согласно владината програма во втората половина од 2014 година, Македонија треба да го објави јавниот повик за избор на компанија која ќе го гради автопатот Скопје-Блаце.

На средбата станало збор и за имплементација на македонското законодавство во делот на минерални суровини во Косово.

Министерот за инфраструктура Фехми Мујота истакна дека посетата е во вистинско време  и нагласи дека очекува во скоро време да се склучи договор во областа на транспортот помеѓу двете држави.

- Очекувам во скоро време да имаме и договор во обласста на транспортот бидејки е многу значаен за да нема потреба од воведување на реципрочни мерки, рече Мујота и додаде дека мерката од сто евра, беше донесена заради големиот притисок од косовските трнспортери.

Министерот Сарачини се сретна и со косовскиот министер за финансии Бесим Бечај.

 

најчитано сега